ВИДЕО: Овации за Заев на конгресот на СИРИЗА во Атина

1 min read

Поранешниот премиер Зоран Заев вечерва доби овации и аплаузи во Атина на партискиот конгрес на Сириза, чиј лидер е неговиот поранешен грчки колега, Алексис Ципрас.

Во својот говор пред делегатите од партијата, Ципрас во еден момент ги спомна поранешниот грчки министер за надворешни работи и еден од потпишувачите на Преспанскиот договор, Никос Коѕијас и Заев и им се заблагодари за потпишувањето на Договорот.

– Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблагодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност, рече лидерот на СИРИЗА од Атина, по што Заев доби големи овации од присутните членови и делегати на партијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Мозокот постојано ми велеше дека ова е премногу различно за да функционира, но ние не се откажавме и успеавме“

Следно

Велика Британија го замрзна имотот на соработници на Роман Абрамович

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian