ВИДЕО: Атланта и Њу Орлеанс на чекор до плеј-офот

1 min read

Кошаркарите на Атланта и Њу Орлеанс остварија победи во првото коло од „плеј-ин“, па во борба за место во НБА плеј-офот ќе играат натпревар против Кливленд, односно ЛА Клиперс.

Хокси беа сигурни во „Стејт Фарм Арена“ во меч со редовните муштерии на Хорнетс, кои ги победија по петти пат сезонава – 132:103. Тре Јанг постигна 24 поени, запиша и 11 асистенции, Диандре Хантер додаде 22 поени, а Данило Галинари имаше 18 поени.

Во тимот на Шарлот, кој втора сезона по ред завршува со пораз во првото коло од „плеј-ин“, младиот Ламело Бол постигна 26 поени, Тери Рози додаде 21, а Пи Џеј Вашингтон 17.

Во Њу Орлеанс, домашните Пеликанс дојдоа до голема победа против Сан Антонио и решавачки меч против Клиперс, благодарение на маестралната игра на Си Џеј МекКолум – 113:103.

Одличниот бек шутер постигна 27 од 32 поени во првото полувреме, кога го турна својот млад тим до победа. Одиграјќи го својот 57. плеј-оф натпревар, 30-годишниот МекКолум беше вистински предводник на „дебитантите“ Џонс, Алварадо и Марфи, кои беа одлични во последната четвртина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фотогалерија: Скопје знае да биде и вакво – зелено и чисто!

Следно

Кој е познатиот српски фудбалер, новата љубов на Анастасија Ражнатовиќ?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian