Уметницата не е здрава: Констракта ги откажа настапите поради здравствени причини

1 min read

Српската претставничка на овогодинешната Евровизија во Торино, пејачката Ана Ѓуриќ – Констракта (43) поради здравствената состојба ги откажа активностите и настапите во рамките на промотивната турнеја за нејзината евровизиска песна „In corpore sano“.

Како што им открила на обожавателите на Инстаграм, поради здравствени причини била принудена да го откаже настапот во Мадрид, Шпанија.

„Нема да има можност да го гледате настапот на предевровизискиот концерт во Мадрид, кој се одржува на 16 април, од здравствени причини. А, за Торино уметницата мора да е здрава“, објавено е на една од нејзините страници на Инстаграм.

Потсетуваме, српскaта претставничка веќе полека се искачува на евровизиските обложувалници. Настапот на пејачката кој го изведе на еден настан во Израел наголемо се објавуваше на социјалните мрежи бидејќи на сцената донела неколку крпи кои ги фрлала на подот како дел од перформансот.

Потоа почнала да ги собира по сцената, што ја збунило публиката, а потоа изјавила дека мора да ги врати бидејќи се од хотелот.

Констракта ќе ги брани боите на Србија во втората полуфинална вечер на Евровизија, на 12 мај.

ВИДЕО | Се огласи и Гоца Тржан за победата на Констракта: На луѓето им се сервира ѓубре, ова е одлична промена

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

ФОТО | Aндреа оди на Евровизија 2022 во Торино: Ќе правиме победничко интервју!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоргиев потпиша нов договор со АЦХ Волеј Љубљана

Следно

Полицијата ги брка љубопитните граѓани и новинарските екипи: Можни се експлозии кај „Треска“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian