Украинското МНР изрази стравување поради трговија со деца

2 mins read

Украинското Министерство за надворешни работи изрази загриженост дека децата однесени во Русија, вклучително и оние кои останале без родители за време на војната, би можеле да бидат дадени на посвојување од руски семејства, без да се почитуваат сите потребни процедури утврдени со законодавството на Украина.

– Во овој контекст, информациите за намерата на Министерството за образование на Руската Федерација да потпише ’договори‘ со руските окупациски администрации во регионите Доњецк и Луганск кои ќе овозможат трансфер на деца без родители илегално депортирани од територијата на Украина во руски семејства предизвикува посебната загриженост во овој контекст, се вели во соопштението на украинското МНР.

Според Конвенцијата на ОН за правата на детето, државите кои се страни на овој меѓународен договор, вклучувајќи ги Русија и Украина се обврзани да преземат мерки за борба против нелегалното движење и невраќањето на децата од странство, нагласува руското МНР.

– Обидите на Кремљ да обезбеди „легитимна“ основа за своите криминални дејствија на територијата на Украина се цинично непочитување на основните закони и обичаи на војување и универзално признаените човекови права, стои во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Украина апелира до Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, УНИЦЕФ, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, Канцеларијата на специјалниот претставник на Генералниот секретар за деца и вооружени конфликти и Канцеларијата на специјалниот претставник на генералниот секретар за насилство врз децата да преземат итни мерки за враќање на украинските деца на територијата на нивната татковина. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Арсовска: Можно е пожарот во „Треска“ да е подметнат, видени се сомнителни луѓе

Следно

Според Арсовска, пожарот кај Треска е подметнат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian