Украина планира да игра пријателски натпревар против Македонија!?

1 min read

Првиот вице-претседател на Украинската фудбалска федерација, Олег Протасов вели дека украинската националната репрезентација може да игра два пријателски натпревари.

– Бараме добри тренинг кампови и спаринг партнери, веруваме дека не треба само да играме, туку и да победиме во баражот за пласман на Светското првенство 2022. Треба добро да се подготвиме. Треба да им се даде можноста на играчите да бидат во добра натпреварувачка форма. Моментно сме во преговори со неколку земји за тренинг кампови и натпревари со Франција и Македонија, но подоцна ќе ги објавиме деталите – рече Протасов.

Како што е познато, Украина во мундијалскиот бараж треба да игра против Шкотска на 1 јуни во Глазгов (можно е истиот да се игра на 31 мај), а победникот од овој дуел во финалето од плеј-офот на 5 јуни во Кардиф ќе се соочи со Велс кој претходно ја елиминираше Австрија (2:1).

Доколку се дојде до контролен дуел помеѓу македонската и украинската селекција, тоа би било шеста меѓусебна средба помеѓу овие две репрезентации.

И Македонија во јуни ќе има натпревари, официјални во рамките од Лигата на нации, а во кои ќе настапи без еден од досегашните стандардни репрезентативци, Тихомир Костадинов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведен скопјанец по распишана централна потерница за издржување затворска казна

Следно

Црвено здолниште: Силен моден елемент за посебни пригоди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian