Убави вести од Аеродром: Муцунски најави изградба на нов модерен репрезентативен стадион

1 min read

Нов модерен спортски објект ќе се изгради во општина Аеродром. Ваква одлука на денешната седница на управниот одбор донела Фудбалската федерација на Македонија. Веста на својот инстаграм профил ја објави градоначалникот Тимчо Муцунски. 

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука за изградба на нов репрезентативен стадион на територијата на нашата општина, напиша тој на инстаграм. 

Стадионот ќе биде со минимален капацитет од 12.000 гледачи по сите критериуми на УЕФА и ФИФА за одигрување на клупски и репрезентативни натпревари од највисок ранг.

Муцунски информираше и дека во рамките на овој комплекс Општина Аеродром заедно со Градот Скопје ќе изгради и Мега Парк кој ќе претставува нов спортски и рекреативен центар на нашиот главен град.

Спортот го обединува народот, а македонската фудбалска репрезентација во последните години на дело го прави токму тоа. Токму од Општина Аеродром ги очекуваме новите успеси и победи на македонската фудбалска репрезентација, потенцираше тој во својата инстаграм објава. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Молдавија забрани истакнување на руските воени симболи „Z“ и „V“

Следно

ВИДЕО: Желбата на Јунајтед ја елиминираше Аталанта од Лига Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian