Уапсен напаѓачот кој рани десет луѓе во метро во Њујорк

1 min read

Уапсен е мажот кој со огнено оружје изврши напад во воз во метрото во Њујорк и рани десет луѓе. Френк Р. Џејмс (62) е приведен на Менхетен, изјави полициски претставник.

Претходно, напаѓачот на социјалните мрежи објавувал видеа на кои вели дека САД се расисти, преплавени со насилство и го критикува градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс. Тој зборувал и за неговата борба со ментална болест.

Вооружениот напаѓач активирал димни бомби во преполн вагон на метрото, а потоа со пиштол пукал најмалку 33 пати, соопшти полицијата.

Петорица од десетината ранети се во критична состојба, а на уште десет им е укажана помош од вдишување чад и повреди.

Напаѓачот избега за време на хаосот по нападот во метрото, но оставил многу траги и предмети, меѓу кои пиштол купен кај заложник и клучот од комбето што го изнајмил, и врз основа на тоа бил идентификуван и пронајден.

kurir.mk

Претходно

Попис 2021: Просечното домаќинство за 20 години намалено за половина член

Следно

Стоматолог Илија Караманов: Комбинирани протетски изработки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian