Уапсен најголемиот наркобос на Балканот, Дарко Шариќ

1 min read

Најголемиот наркобос на Балканот Дарко Шариќ, осуден на 12 години затвор за трговија со дрога, денеска е уапсен во Белград.

Тој е приведен во просториите на Службата за борба против организиран криминал, а потоа треба да биде префрлен во Специјалниот суд.

Белградските медиуми информираа дека во денешната полициска акција се приведени Дарко Шариќ и неговиот адвокат Дејан Лазаревиќ, кој е и адвокат на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.
Медиумите јавуваат дека е приведен и Урош Мишиќ и дека станува збор за сосема нови кривични дела, а не за оние за кои Шариќ веќе е обвинет.

Тој сега е осомничен за организирање криминална група одговорна за неколку убиства во Србија и Црна Гора, а наводно поседувал два сателитски телефони и апликација Скај.

Дарко Шариќ беше уапсен во 2014 година во заедничка акција на државните органи на Србија и Црна Гора и пренесен во Белград откако беше осомничен за шверц на 5,7 тони кокаин од Јужна Америка во Западна Европа во текот на 2008 и 2009 година.

За тоа дело Шариќ како организатор на групата е осуден на 15 години затвор.

Апелацискиот суд во Белград на крајот на минатата година му го укина притворот и му одреди куќен притвор со електронски надзор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Со „пајаци“ се отстрануваа возила за да може пожарната да пристапи до Треска

Следно

Печурките си зборуваат меѓу себе: Разменуваат до 50 зборови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian