Тагува фудбалскиот свет, почина поранешниот колумбиски репрезентативец Фреди Ринкон

2 mins read

Поранешниот колумбиски репрезентативец и екс член на Реал Мадрид и Наполи, Фреди Ринкон им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа.

Сообраќајната несреќа се случи во понеделникот во Кали при судир на неговиот автомобил со автобус. Во неговиот автомобил на раскрсница налетал автобусот со голема брзина.

Покрај Ринкон, во автомобилот имало уште три лица. Ринкон бил пренесен во болницата во Кали, од каде објавиле дека славниот фудбалер итно бил опериран, но за жал починал.

– И покрај сите напори на нашиот медицински тим, пациентот Фреди Еузебио Ринкон Валенсија почина – се вели во соопштението на клиниката Кали.

За време на неговата кариера како професионален фудбалер, Ринкон играше за Реал Мадрид, Наполи, Палмеираш, Коринтијанс, Крузеиро, Сантош, Америка де Кали и Санта Фе.

Тој беше капитен на колумбиската репрезентација и член на генерацијата која се квалификуваше на три последователни Светски првенства во 1990, 1994 и 1998 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев гостин на Третиот конгрес на Сириза

Следно

ВИДЕО | Шокантно сведочење на сестрата на Џони Деп: Наместо да избира ковчег за мама, тој се караше со Амбер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian