Синот на Џон Траволта денес би наполнил 30 години: Актерот сподели трогателна порака

1 min read

Холивудскиот актер Џон Траволта го изгуби неговиот син Џет, кој почина во 2009 година на 16 годишна возраст.

Малиот Џет доживеа несреќа на одмор на Бахамите. Тој за време на одморот имал напад во бањата, па ја удрил главата во работ од кадата.

Синот на Џон Траволта денес би наполнил 30 години, а по тој повод Џон објави трогателна порака упатена до починатиот син.

Мој најдраг Џет, ми недостасуваш повеќе отколку што може да се каже со зборови. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден. Со љубов, твојот татко“, напиша актерот.

 

Џон Траволта го имаше синот Џет со сопругата Кели Престон, која почина во јули 2020 година од рак на дојка во 57 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Судот ја укина наредбата за приведување на Борисов, МВР мора да плати казна

Следно

„Слободен печат“: Корупцијата во Македонија се гледа дури и од Вашингтон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian