Полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР – Скопје денеска во 14.30 часот на подрачјето на Чаир го лишија од слобода М.Д.(59) од Скопје, за кого била распишана Централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување казна затвор во врска со сторено кривично дело по чл.297 од Кривичниот законик.
Ккао што информираа од МВР, лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.