Дваесет минути пожарникарите не можат да се изборат со големиот пожар кој беснее кај фабриката Треска. Од скопската противпожарна единица велат дека сите расположливи сили се на терен.
Во овие моменти полицијата ги отстранува новинарските екипи и љубопитните граѓани на безбедна дистанца, бидејќи како што велат во објектите имало и уреди под напон кои можат да експлодираат во секој момент.
Викнати се сите пајак служби ги преместуваат возилата.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека екипите на противпожарната се на терен, и интервенираат кај „Треска”.
-Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен, станува збор за голем пожар и огромен чад кој се издига на фабриката „Треска“.
Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите доколку е потребно. Во моментов немаме повеќе информации, јас сум упатен на местото на настанот и со повеќе информации официјално ќе излеземе подоцна, напиша градоначалникот Герасимовски на фејсбук.
ФОТО+ВИДЕО | Експлозија и голем пожар кај фабриката „Треска“