Печурките си зборуваат меѓу себе: Разменуваат до 50 зборови

4 mins read

Закопани во шумите или никнати од дрвја, габите може да остават впечаток на тивки и релативно самостојни организми, но ново истражување сугерира дека тие можеби се одлични комуникатори.

Математичката анализа на електричните сигнали кои габите навидум ги испраќаат една на друга, идентификуваше обрасци кои имаат впечатлива структурна сличност со човечкиот говор, пренесува „The Guardian“.

Претходните истражувања сугерираа дека габите спроведуваат електрични импулси низ долгите, подземни филаментозни структури наречени хифи – слично како што нервните клетки пренесуваат информации кај луѓето.

Дури и покажа дека стапката на палење на овие импулси се зголемува кога хифите на габите што се јадат дрво доаѓаат во контакт со дрвени блокови, што ја зголемува можноста габите да го користат овој електричен „јазик“ за да споделат информации за храна или повреди со далечните делови од себе, или со партнери поврзани со хифи како што се дрвјата.

Но, дали овие нишки на електрична активност имаат нешто заедничко со човечкиот јазик?

За да го истражи, професорот Ендру Адаматцки од неконвенционалната компјутерска лабораторија на Универзитетот во Западна Англија во Бристол ги анализираше моделите на електричните сигнали генерирани од четири видови габи – еноки, буковки, габи духови и гасеници( enoki, split gill, ghost and caterpillar fungi).

Тој го направил тоа со вметнување на ситни микроелектроди во супстрати колонизирани од нишките од хифи, нивниот мицелиум.

„Не знаеме дали постои директна врска помеѓу обрасците на сигнали во габите и човечкиот говор. Можеби не. Од друга страна, има многу сличности во обработката на информациите во живите супстрати од различни класи, семејства и видови. Бев само љубопитен да споредам“, рече Адаматцки.

Истражувањето, објавено во „Royal Society Open Science“, покажа дека овие сигнали често се собираат во нишки на активност, наликувајќи на вокабулари до 50 зборови, и дека дистрибуцијата на овие „должини на габични зборови“ тесно се совпаѓа со оние на човечките јазици.

Буковките – кои растат на дрво што се распаѓа и чии плодни тела личат на бранови од цврсто набиени корали ги создале најсложените „реченици“ од сите.

Најверојатните причини за овие бранови на електрична активност се да се одржи интегритетот на габите – аналогно на волците што завиваат за да го одржат интегритетот на глутницата – или да ги пријават новооткриените извори на привлекувачи и репеленти на други делови од нивниот мицелиум, предложи Адамцки.

„Има и друга опција – тие не кажуваат ништо“, рече тој. „Врвовите на мицелиумот се електрично наполнети и затоа, кога наполнетите врвови минуваат во пар диференцијални електроди, се забележува скок во потенцијалната разлика“.

Што и да претставуваат овие „сигнални настани“, се чини дека тие не се случајни, додаде тој.

Печурки

И покрај тоа, другите научници би сакале да видат повеќе докази пред да бидат подготвени да ги прифатат како форма на јазик. Други видови на пулсирачко однесување биле претходно забележани во габични мрежи, како што е пулсирачкиот транспорт на хранливи материи – веројатно предизвикан од ритмички раст додека габите бараат храна.

ФОТО | Како настанал Нетфликс и кој е мистериозниот сопственик?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен најголемиот наркобос на Балканот, Дарко Шариќ

Следно

Ковид биланс: Нови 142 заразени, четворица починати и 198 оздравени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian