Словенечкиот одбојкарски клуб на АЦХ Волеј Љубљана соопштува дека капитенот Никола Ѓоргиев потпиша нов договор на две години пред крајот на оваа сезона.
– Еден од најдобрите македонски репрезентативци (33) се покажа како одлично засилување за тимот оваа сезона. Со својот професионален пристап и напорна работа, тој е пример за соиграчите и вистински лидер во и надвор од теренот – информира клубот.
Никола, кој игра како коректор, во својата кариера ги претставуваше боите на многу европски гиганти, како Париз Волеј (Франција), ВфБ Фридрихсхафен (Германија) и Инегол Беледијеси (Турција). Неговиот пат го однесе и во Земјата на изгрејсонцето, каде што ја прослави сезоната 2016/2017 со Торај Ероус како јапонски шампион.
Волеј Љубљана, со кој сезонава веќе освои два трофеи (Куп на Словенија и МЕВЗА), е 11 клуб во богатата кариера на Ѓорѓиев.
– Исклучително сум среќен што се договоривме да ја продолжиме соработката со АЦХ Volley. Организацијата во клубот е феноменална. Овде сме фокусирани исклучиво на нашата работа на теренот, што е клучно за конечниот успех на тимот. Главната цел на клубот е да продолжиме да освојуваме трофеи и да бидеме најдобри – вели нашиот играч за клупскиот сајт.