Одделот за односи со јавност згаснува во синодот на Бугарската православна црква

1 min read

Во периодот кој следи, Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, ќе функционира без одделот за односи со јавност и во тој правец го ослободи од надлежностите неговиот досегашен раководител, отец Николај Георгиев.

Според информации во софиските медиуми во иднина одлуките, мислењата, изјавите и другите информации од Светиот синод медиумите и разните други  институции ќе треба да се обратат до канцеларијата на Светиот синод.

Светиот синод на БПЦ, исто така, одлучи годинава да не испрати своја делегација да земе дел од Благодетниот оган од Божјиот гроб во Ерусалим, во пресрет на Воскресението Христово. Митрополитот Ловечки, г. Гаврил, за НОВА ТВ коментираше дека одлуката е поврзана со рестриктивните мерки во Израел.
Тој бил од групата архиереи кои биле за тоа да се земе парче од Благодетниот оган, но мнозинството победи.

Според него, имало и други причини за кои одбил да коментира, но едно од размислувањата на бугарскиот Свет синод е поврзано со војната во Украина.

Годинава за Велигден ќе се користи Благодетниот оган од минатата година, што се наоѓа во параклисот на Светиот синод на Бугарската православна црква. Се очекува БПЦ да го прими Благодатниот оган од Грција и Романија.

Дописникот на МИА од Софија потсетува дека Бугарската православна црква за време на пандемијата поради протоколите за Ковид-19 не доби дел од Благодатниот оган.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кривична пријава против скопјанец поради загрозување на животната средина и природата со отпад

Следно

Македонскиот репрезентативец Костадинов ќе паузира минимум шест месеци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian