НАкС: Ќе продолжат разговорите за усогласувањето на Колективниот договор со минималната плата

1 min read

Независниот академски синдикат (НАкС) и Министерството за образование и наука (МОН), вчера, на 13 април 2022, одржаа состанок во врска со состојбите во високото образование и науката. На состанокот се разгледуваа условите за работа во јавните универзитети и финансирањето, со посебен акцент на неусогласеноста на Колективниот договор во високото образование и науката со новиот Закон за минимална плата од 2022 година. Како што претходно информиравме, со покачувањето на минималната плата се воедначува надоместокот што го добиваат вработените што извршуваат работи со различна сложеност и имаат различен степен на образование и се оневозможува општо земено примената на воспоставениот систем на коефициенти како систем за праведно вреднување на трудот.

Министерот за образование и наука, д-р Јетон Шаќири, ги афирмираше проблемите коишто произлегуваат од неусогласеноста на Колективниот договор со новиот Закон за минимална плата.

Оттука, Министерството за образование и наука се согласи дека разговорите треба да продолжат и дека е потребно да се оформи работна група за надминување на овој проблем, во која ќе бидат вклучени претставници од НАкС и СОНК.

На денешниот состанок Независниот академски синдикат беше претставуван од проф. д-р Елена Џукеска, претседателка на НАкС и проф. д-р Виктор Стефов, претседавач на Советот на НАкС. Работната група се очекува да се оформи во краток рок.

Очекуваме Министерството за образование и наука да остане доследно на своите заложби и да придонесе за брзо решавање на овој проблем.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Шокантно сведочење на сестрата на Џони Деп: Наместо да избира ковчег за мама, тој се караше со Амбер

Следно

И Трамп руската инвазија во Украина ја нарече „геноцид“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian