Македонија и Косово воено ќе соработуваат за безбеден Западен Балкан

3 mins read

Македонија и Косово ќе подобра воена соработка која ќе има за цел да се постигне стабилноста на Западен Балкан. Ова денеска во Приштина го заклучијаминистерката за одбрана Славјанка Петровска и косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај.

– Северна Македонија како земја – членка на НАТО е сериозно посветена на зацврстување на регионалната стабилност и безбедност. Тоа е предуслов нашите држави да продолжат да се развиваат особено денеска кога имаме нова геополитичка реалност во која е нарушена повеќедецениската безбедност на европскиот континент – рече министерката Петровска на средбата.

Во контекст на зајакнувањето на регионалната безбедност и стабилност, министерката Петровска го информираше својот косовски колега дека Северна Македонија останува посветена на придонесот во мисијата КФОР. Министрите се заложија да работат на продлабочување на соработката во доменот на кризниот менаџмент при природни непогоди и катастрофи.

Во однос на геополитичките предизвици, на состанокот беше осудена руската инвазија на Украина, за што министерката Петровска истакна дека нема место во Европа во 21-от век.

Министерот Мехај се заблагодари за отвореноста и посветеноста на Северна Македонија во развојот на билатералните односи и вклучувањето во регионалните иницијативи кои се важни за одржувањето на регионалната безбедност и стабилност. Тој упати благодарност и за учеството на припадниците на Армијата во мисијата КФОР.

Двајцата министри го потпишаа и новиот Меморандум за соработка, како продолжување на воспоставената одбранбена соработка со Меморандумот од 2010 година. Соработката опфаќа повеќе области како справувањето со дезинформациите, безбедносната и одбранбена политика, процесот на планирање, програмирање, буџетирање и извршување, медицинската обука и военото образование.

Во Приштина, министерката Петровска се сретна и со заменик-командантот на НАТО мисијата КФОР, италијанскиот бригаден генерал Лука Пиперни, кому му се заблагодари за логистичката поддршка од командата и од италијанската армија на контингентот од Северна Македонија кој во моментов брои 74 припадници на Армијата.

– Северна Македонија е столб на безбедноста во регионот и затоа освен 15-годишната логистичка поддршка на оваа мисија, денеска во КФОР придонесуваме и со контингент војници од Армијата на Република Северна Македонија –  рече министерката на средбата. Таа подвлече дека државата останува посветена на придонесот во КФОР, за што веќе е во подготвителна фаза новата ротација во оваа мисија од мај 2022 година.

Генералот Пиперни порача дека војниците од Армијата на Република Северна Македонија во КФОР се посветени и професионални во извршувањето на своите задачи. Посетата на Косово продолжува со средба на министерката Петровска со контингентот војници од Армијата на Република Северна Македонија стационирани во Регионалната команда – Запад, во Пеќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Започна пролетната дератизација во општина Карпош

Следно

Ѓоргиев потпиша нов договор со АЦХ Волеј Љубљана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian