Колку всушност зависи Македонија од рускиот гас и нафта

9 mins read

Како што се разгорува војната во Украина, така и се засилува дебатата за тоа дали Македонците треба да престанат или не, да купуваат гас и нафта од Русија како одговор на конфликтот.
Стручната јавност во земјата во моментов е поделена и води силна дебата за висината на трошоците за овој подвиг како и за изводливоста на процесот, кој може да стане реалност дури по три години кога би требало да заживее алтернативната достава преку енергетска постројка во Александрополис која ќе обезбедува природен гас кој доаѓа од Азербејџан.

Консултираните експерти за „Слободен печат“ во сублимирн заклучок велат дека состојбата е неизвесна бидејќи над 90 отсто од гасот во Македонија пристигнува од Русија и поради фактот дека прашањето првенствено се третира на политичко ниво од колку како економско.
Во меѓувреме, факт е дека Македонија и во догледна иднина и натаму ќе остане зависна од руски енергенси се додека чекаме диверзификација на изворите за снабдување со гас, што треба да овозможи пазарна конкуренција и енергетска независност. Дополнителен проблем е што во моментов Македонија нема и инфраструктура и технологија за евентуална испорака, преработка и складирање на течен гас кој би се набавил од САД за домашна употреба, а се проценува дека сето дополнително би ја зголемило цената за Македонија за овој енергенос.

ИНФОГРАФИК

Според еврпшската аналитичка агенција Статиста, Македонија е европската земја која е најмногу зависна од рускиот гас и има најмалку можности за снабдување од други извори. Македонија е сто проценети зависна од снабдување со руски гас, кое се користи за загревање на градот Скопје како и за неколку важни индустриски капацитети. Зад нас се Финска, со 94 процентна зависност, Бугарија – преку која се снабдува и Македонија – со 77 процентна зависност и Словачка, која добива 70 проценти од гасот од Русија. Најголемата европска економија односно Германија набавува половина од својот гас токму од Русија. Спак онаа информација која е битна на оваа тема е факто дека Македонија поради слабата економија увезува неспоредливо мало количство на енергенси и тоа во никој случај не може да се спореди со онаа количина на земјите од ЕУ.

Професор Константин Димитров, Фото: Архива

Константин Димитров, универзитетски професор и експерт за енергетика во своја изјава за весникот, вели дека нашата земја во моментов има капацитет годишно да увезе околу 800 милиони кубни метри природен гас, а цената која ја плаќаме за оваа намена е непријатно висока и е неблагородно да се коментира, бидејќи енергетската криза и војната во Украина константно ја движат цената нагоре надоле по светските берзи.
– Ние во моментов имаме само една опција за увоз на гас и таа доаѓа преку руско-турскиот гасовод на кој е приклучена Македонија преку Бугарија. Додека не заживее алтернативата ние нема да имае можност да увеземе на алтернативен начин природен гас. Па дури и да најдем алтернатива, е невозможно да се купи во големи количини бидејќи актуелните состојби во светот допринесоа енергенсите однапред да се откупени од земјите во светот во наредните неколку години – вели професорот.
Тој појаснува дека нам ни преставува и проблем, користењето на течен гас од САД, бидејќи немае капацитети да го користиме ниту за индустријата ниту за загревањето.
– Ако сакаме да ја искористиме оваа опција треба да инвестираме во опрема и знење и притоа да знаем дека и овој тип на енергенс во течна состојба има цена далеку повисока од онаа на природниот руски гас. Америка прави притисок врз Европа да се инвестира во терминали за течен гас. Таков веќе има на Крк, а Грција веќе има еден кај Атина. Но тој течен гас е осетно поскап по единица енергија. Тој се вади во САД под земја, се транспортира до фабрика која го прави течен, па како таков го полнат во цистерни и со бродови се транспортира до оваа платформа. Тука повторно ќе се преточува во тие складови. Тогаш пак треба енергија од течен да го направите гас и со компресор да го потиснете и да го внесете во ТАП гасоводот. Тоа е како од спореден пат да го внесувате во автопат. Голем пат и тоа треба да се продаде или купи по двојно поскапа цена – вели Димитров.

Антон Чаушевски

Од друга страна пак Антон Чаушевски професорот по енергетика во својот осврт на случувањата вели дека нашата земја во голема мера е зависна од увозот на руски гас, но тоа не важи и за увозот на нафта.
– Ние на годишно ниво во просек, онакви какви што се работите на терен, увезуваме некаде помеѓу 300 и 400 милиони кубни метри на руски гас. Во моментов барем додека не се изгради гасната алтернатива во Грција, односно проектот Александрополус од кој и ние сме дел, до трогаш за жал немаме многу опции. Ако заживее втората алтернатива Македонија ќе може да увезува минимални 500 милиони кубни метри гас кој нема да биде од руско потекло. Но, она што е проблематично е што проектот ќе се гради најмалку три години а дотогаш ние едноставно немаме алтернатива – вели професорот.
Тој објаснува дека кога станува збор за увоз на нафта, тука алтернативите ни се поголеми.
– Овој пазар е поинаку структуриран, и во секој момент со одредена разлика во цената ние можеме да увеземе нафта и од други држави во светот и не секогаш мораме да се обврземе кон еден добавувач – вели професорот.

Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската Комора за енергетика
Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската Комора за енергетика /Утрински брифинг

Првиот човек на Стопанската комора за енергетика Ѓорѓи Манасков, вели дека Македонија години наназад во голема мера е зависна од увозот на руски и на турски гас и нафта и додава дека доколку набавката на овие ресурси нашата земја ја префрли кон алтернативи тогаш за сето ќе платиме цена два или три пати поголема од досегашната.
– Моите изјави на оваа тема досега неколкупати ми се демантирани од преставниците на владата, а верувам дека тоа е така бидејќи едноставно одлуките кои ги носи државата се во линија повеќе на политиката од колку на економијата – вели Манасков.
Тој вели дека, нашата држава во моентов треба да започне да набавува гас за следната година, бидејќи ако тоа не се случи сега, тогаш нам со сигурност ќе не оечкува студена зима и ладни домови.
Тој објаснува дека голем дел од нашата индустрија не се базира врз користењето на гасот како нергенс, но сепак во земјава рускиот гас користат над 50 фабрики, сместени во индустриските зони како и други поголеми компании лоцирани низ земјата од фармацевската и прехранбената дејност.

Џевдет Хајредини / Утрински брифинг

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини пак вели дека војната во Украина ги искомплицирала процесите за набавка на гас и нафта на сите европски земји а со тоа и на Македонија.
– Гасот кој го увезуваме од Русија, ние го користиме првенствено за загревање на Скопје и Тетово и многу малку за потребите на нашата индустрија. Прекинот во набавката на руски гас за нас нема да е толку проблематиучна колку што ќе е проблематична во земјите кои имаат развиена индустрија и фабрики кои се зависни од набавката на руски гас. Кај нас состојбите не се такви но во секој случај ќе се проблематични – вели Хајредини.
Тој објаснува дека енергетскиот шок, од прекин на руски гас во нашиот регион најмногу ќе се почуствува во Бугарија, Грција и Србија а помалку во Македонија, Косово и Албанија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој е познатиот српски фудбалер, новата љубов на Анастасија Ражнатовиќ?

Следно

Кампањата „Правда за Украина“ во Лондон го покажа нацрт обвиението против Путин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian