Кој е познатиот српски фудбалер, новата љубов на Анастасија Ражнатовиќ?

2 mins read

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, српската поп ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ по долгогодишната врска со Ѓорѓе Куљиќ, наводно е во врска со успешниот српски фудбалер Немања Гудељ, пренесуваат српските медиуми.

Немања Гудељ е еден од најуспешни српски фудбалери и моментално игра за шпанскиот клуб Севиља. Toj неодамна беше поврзуван со поп ѕвездата и колешка на Анастасија, Сања Вучиќ. Ниту еден од двајцата никогаш во јавноста не ги потврди или негираше бројните шпекулации. Пред неколку месеци пејачката изјави дека се гледа со познат српски фудбалски репрезентативец, но не го откри неговото име.

Познатиот фудбалер очигледно обожава тетовирање, па не е ни чудо што целото тело му е покриено со тетоважи. Последната тетоважа ја направил во Севиља каде моментално игра за истоимениот клуб – три крста на грбот.

Една од првите тетоважи што ги направил во Холандија е во чест на неговиот татко, познатиот фудбалер Небојша Гудељ. Како што изјави во една прилика, секоја тетоважа на неговото тело има посебно значење.

Имено, новиот дечко на Анастасија е на врвот на листата на најплатени српски фудбалери. Неговата годишна плата во Севиља изнесува 5.650.000 евра.

Гласините за врската на Анастасија и Немања започнаа пред еден месец. Наводно се запознале преку заеднички пријатели, а после неколку заеднички дружби сфатиле дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство.

анастасија ражнатовиќ
Ражнатовиќ сподели фотографија од Севиља / Фото: Принтскрин/Стори/Инстаграм

Пејачката вчера на својот инстаграм-профил сподели фотографија од Севиља, па многумина веднаш заклучија дека е кај своето момче во Шпанија. Иако ова дополнително ги „разгоре“ гласините, засега ниту Немања ниту Анастасија немаат коментар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Атланта и Њу Орлеанс на чекор до плеј-офот

Следно

Колку всушност зависи Македонија од рускиот гас и нафта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian