Како нација сме имунизирани, вели министерот Сали – корона прележале три четвртини од граѓаните

1 min read

Официјално сме вакцинирани 46 отсто, но по природен пат имунизирани сме 75 отсто, што значи можеме да се сметаме за имунизирана нација, објасни вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 министерот за здравство Беким Сали.

Тој рече дека кампањата со мобилните екипи за вакцинација била позитивна, но незадоволителна.

– Последна активност за вакцините ни беше мобилните екипи кој што се движеа на 14 локации. До тој момент имавме 1.500 до 2.000 нововакцинирани неделно, односно со таа кампања достигнавне до 3.500 неделно. Сметам дека кампања ја заврши својата работа, имаше позитивен одзив од граѓаните, незадоволителен, меѓутоа позитивен. За жал ние како држава сме снабдени врз основа на нашите проекци за таа бројка од 70 отсто вакцинирани која ни беше цел за заштита на нашите граѓани. Официјално се вакцинирани 46 отсто од населението. Серолошката анализа која што ја направивме испадна дека нашите граѓани се 75 отсто имунизирани по природен пат со прележување, што ни дава комфор дека може да се сметаме за имунизирана нација – рече Сали.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Позитива на денот: Средба на куче и коњ која ќе ве разнежни

Следно

Маж пронајден мртов во својот дом во Мериленд, околу него имало повеќе од 100 змии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian