Андонова за женскиот фудбал во Македонија: „За жал ќе биде полошо“!

2 mins read

Една од најдобрите и најискусните македонски фудбалерки Наташа Андонова (28) поминува низ уште еден неуспешен квалификациски циклус со сениорската женска репрезентација за пласман на едно големо натпреварување.

Сезонава ги брани боите на шпанскиот Леванте, а претходно настапуваше уште за Барселона (Шпанија), ПСЖ (Франција), Розенгард (Шведска), Турбине Потсдам (Германија), Борец Велес и Тиквешанка.

Нашата женска репрезентација на две кола пред крајот на квалификациите за СП 2023 е моментно претпоследна со само три бода, пред два дена загуби и од Луксембург со 2:1, а пред овој меч беа примени севкупно 30 голови на дуелот со Англија и двата меча со Северна Ирска (гол разлика 7:50).

Андонова преку социјалните мрежи го изрази незадоволството кон институциите за повеќе да обрнат внимание на женскиот фудбал во Македонија и дека во нашата земја нема најдобри услови почнувајќи од тренинзите.

– Сакам фудбал, обожавам фудбал! Ја сакам МАКЕДОНИЈА!!! Али едно ми е нејасно, и ме мачи! Како може во една златна и чудесна МАКЕДОНИЈА да нема институција која што ќе завземе став за поддршка, земја во која што видовме толку многу успеси во кои што никој не веруваше и цел свет не потценуваше, во фудбал, во ракомет и кошарка, да се потруди и посака барем малку да придонесе и помогне во ЖЕНСКИОТ фудбал во оваа држава?!

Во оваа женска репрезентација која што претставува држава во која што има преголем талент за кој што секојдневно се губи интерес, поради немање финансии, поради не средени стадиони, буквално тренирање на ливади…Условите за тренинг даваат резултати, а резултатот е очигледен… За жал ќе биде полошо, не идеме на подобро!!!! – стои во објавата на Андонова на нејзиниот Инстаграм профил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маж пронајден мртов во својот дом во Мериленд, околу него имало повеќе од 100 змии

Следно

Радев: Бугарија очекува С. Македонија да ги почитува правата на своите граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian