Владата молчи за случајот со Мухамед Зекири

3 mins read

Немаме коментар. Не сакаме со наш искажан став да и наштетиме на истрагата“ велат од владиниот Оддел за односи со јавноста за случајот со екс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири кој е под истрага поради злoупотреби во Генералниот секретаријат на Владата и е во 30 дневен притвор.

Зекири веднаш откако Јавното обвинителство за борба против организиран криминал и корупција издаде наредба за истражни дејства против него и уште двајца хрватски државјани, си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата и истиот ден му беше определен притвор.

Според обвинителството, од април 2021 година до јануари 2022 година, Зекири, без да спроведе тендерска постапка, склучил договор за консултантски услуги со фирма во што со умисла му помогнале двајца осомничени хрватски државјани. За сите тројца осомничени Обвинителството бара притвор. Истрагата ја води обвинителката Катерина Коларевиќ. Од Обвинителството информираа дека договорениот износ за консултантските услуги бил 795.000 евра, но биле исплатени над 940.000 евра, со што, за Обвинителството буџетот на државата е оштетен за околу 145.000 евра.

OJO го истражувал консултантскиот договор што Владата го склучила со хрватската фирма „Интерхолдинг ДОО“ на која и биле исплатени вкупно 57.932.100 денари, или нешто над 940 илјади евра, по ставка „други договорни услуги“. Владата е единствената институција што нарачала услуги од оваа фирма. Фирмата е основана во април 2021 година, еден месец пред првата уплата во мај 2021 година, а дејноста со која е основана фирмата во Централниот регистар е консултатска односно, „советување во врска со работењето и останато управување“. Сопственици на „Интерхолдинг“ се фирмата „Интерфајнанс ДОО“ и Данијел Иванагиќ. Според регистарот на вистински сопственици компанијата е на Денис Фудуриќ, кој е сопственик и на „Интерфајнанс“.

Интерхолдинг“ на Иванагиќ и Фудуриќ изготвила физибилити-студија за трансформација на „Македонска Пошта“ и била презентирана пред министри во Владата и доставена до „Македонски пошти“. ОЈО смета дека за оваа студија не требало да се склучи договор во четири очи туку морало да има меѓународен тендер.

Драган Малиновски, поранешен претседател на Антикорупциската комисија вели дека според законот, јасно e пропишанo кога може да се склучи договор само со една фирма.

– Законот вели дека може да се склучи договор со една фирма само во ретки случаеви, како на пример ако фирмата е единствен и екслузивен увозник или извозник, или пак на јавен оглас конкурира да речеме конкурирала само една фирма – тврди Малиновски.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „Слободен печат“ изјави дека знаат каде се парите, а дека осомничените хрватски државјани, според нивните информации, не се во државава.

– Ние ќе стапиме во контакт со колегите од Хрватска, ќе ги доставиме доказите до нив, па доколку се согласат да го преземат гонењето, нивното понатамошно процесуирање ќе биде во Хрватска – изјави Русковска.

Зекири останува во притвор, судот му ја одби жалбата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Студент од Кембриџ се вратил во Украина да помогне: Ќе се обидам да бидам во тек со студиите

Следно

ВИДЕО | Стивен Сегал сѐ уште го поддржува Путин: Кружи снимка од актерот на прослава во Москва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian