ВИДЕО | Шокантни тврдења на суд: Џони Деп пенетрирал со шише во Амбер Херд откако ја претепал

6 mins read

Започна судењето во кое актерот Џони Деп (58) бара отштета од 100 милиони долари од поранешната сопруга Амбер Херд (35).

Повеќе од седум часа траело рочиштето помеѓу поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп, кој таа го обвини за сексуална злоупотреба и насилство. Сега поротата заседаваше во Вирџинија поради повеќемилионската тужба за клевета што ја покрена Деп против Херд, тврдејќи дека статијата за семејно насилство од 2018 година, која актерката ја напишала за „Вашингтон пост“, имплицирала дека тој е злоставувач.

Сексуално ја злоставувал

Херд исто така го обвини Деп за сексуален напад за време на судењето. Нејзината адвокатка изнела шокантни обвиненија. Таа тврди дека Деп пенетрирал во Херд со шише алкохол во текот на тридневната „заложничка криза“ во Австралија во 2015 година.

Адвокатката Елејн Бредехофт, рекла пред поротата: „Ја потпрел на шанкот. Фрлал шишиња на неа. Ја влечел по подот по скршеното стакло. Ја удрил. Ја клоцнал. Ѝ рекол дека ќе ја убие, дека ја мрази. Ја удирал. А, потоа продрел во неа со шише“.

Фото: Профимедиа

Деп, кој ја тужи поранешната сопруга за клевета и бара 100 милиони долари, на тие обвинувања одмавнувал со главата и велел „не“. Неговиот портпарол одлучно демантирал сѐ.

„Овие фиктивни тврдења не беа изнесени на почетокот на обвинувањата на Амбер во 2016 година, а погодно се појавија години подоцна кога таа беше тужена за клевета бидејќи во својот текст изјавила дека била жртва на сексуално насилство. Зборовите се клучни во тужбите за клевета и интересно е што ова обвинение дојде дури отпосле. Ова го следи образецот на нејзините разработени, лажни тврдења кои се менуваа и развиваа со текот на времето со цел за шок во холивудски стил којшто Амбер го совладала“, рекол тој.

Херд го прогонувала Деп

Адвокатите на Деп раскажале дека „проблематичната“ Амбер многу се трудела да го освои славниот актер, пред целосно да ја сврти приказната и да почне да го понижува. Адвокатката на Деп, Камила Васкез, во воведниот збор рекла: „Госпоѓицата Херд е многу проблематична личност која манипулира со луѓето околу неа. Таа го прогонуваше, му се додворуваше. Вложи големи напори да го освои глумејќи вљубена девојка и успеа, тој се вљуби во неа до уши.“

Фото: Профимедиа

„Таа прибегнала кон физичко насилство, фрлала по него, го удирала, му велела дека е кукавица, дека не е доволно мажествен затоа што не сака да се кара со неа“, продолжила таа.

Васкез истакнува дека пријателите го предупредиле Деп за природата на Херд и дека со текот на времето изникнала нејзината вистинска природа.

„Го понижуваше, врескаше по него, тој се обидуваше да ја смири. Тоа постојано се случувало. Се обидел да се справи со тоа бегајќи, како што бегал како дете, но тоа само дополнително ја разбеснувало. Херд ги изедначила насилството и бесот со страста. Му се извинувала со поетски изговори за тоа дека со насилство покажала дека нејзината љубов кон него е жестока и премногу силна“, рекла Васкез, додавајќи дека поротата ќе слушне од обезбедувањето на Деп дека морале да ја оддалечат Херд од поранешниот сопруг додека таа врескала по него.

џони деп амбер
Фото: Профимедиа

„Кога двајцата патуваа заедно, неговиот тим секогаш резервираше дополнителна соба за тој да има каде да биде додека таа беше бесна“, тврдела адвокатката на Деп, додавајќи дека брачниот советник ја опишал Херд како агресор во таа врска.

„Беше бесна на помислата дека Деп ќе ја остави. Го понижуваше, а кога тој ќе заминеше, таа стануваше толку насилна, што фрлаше шишиња на него, па еднаш со шише му ја удри раката, со што му отсече врв од едниот прст. Херд се обидува да избегне јавно понижување и да се претстави како претставничка на движењето MeToo. Ќе слушнете докази дека госпоѓица Херд е опседната со својот јавен имиџ, тоа ѝ е на прво место. По спогодбата од седум милиони долари со господинот Деп, таа изјави дека не сака ништо од него и деќа тие пари ќе ги донира во детската болница во Лос Анџелес. Не ги донирала“, тврди адвокатката.

Мачната судска сага помеѓу двајцата поранешни сопружници продолжува…

Почна судењето: Адвокатите на Деп тврдат дека тој трпел насилство од Амбер Херд, а не обратно

Холивуд го бојкотира: По скандалот со Амбер кариерата на Џони Деп „тоне“

Судот застана на страната на актерот: Џони Деп побара доказ дека Амбер Херд ги донирала седумте милиони долари од разводот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен е раководителот на смена на граничниот премин Блаце

Следно

Премиерот Ковачевски се затрул со храна на Eкономскиот форум во Грција?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian