ВИДЕО | Проф. д-р Џукеска: Треба да се остави простор за преговори, но право на синдикатите е да извршат притисок

2 mins read

Поддршката на НАкС за СОНК е јасна, вчера ги прецизиравме следните чекори, но во текот на вчерашниот ден добивме конечно покана за средба во министерството за денеска во 14 часот па да почекаме да видиме кој ќе биди исходот од средбата и ќе знаеме што и како понатаму, вели за Утрински брифинг проф. д-р Елена Џукеска, претседател на Независниот академски синдикат (НАкС).

-НАкС се приклучи кон гранковиот Синдикат. Ние заедно со СОНК потпишавме договор за соработка и доставивме барање да бидеме вклучени во преговорите но се уште не сме добиле одговор по однос на нашето барање, вели таа.

-Јас не сум слушнала од МОН ниту јасно да не извести ниту да даде сигнал дека разговорите се движат кон решение. Нашето одбарање е да се приклучиме кон останатите синдикади за усогласување на минималната плата а на средбите ќе разговараме и за подобрување на условите во високото образование, додава Џукеска.

Таа вели дека не може да го коментира тоа што се случува во преговорите за градинки, основно и средно образование, но дека сигурно оти предност треба да се даде на преговори и да се остави тоа да профункционира, а доколку со тоа само се одложува тогаш мора да се примени и притисок.

-Постои една стигма дека професорите кај нас имаат премногу високи плати. Тоа е само еден мал процент на професори кои имаат над 1000 евра плата. Но според нашите податоци платите во регионот на професорите секаде се над 1000 евра, нашите се најминимални. Кај нас платата на редовен професор со последното покачување е 39.000. Она што ние го баравме како синдикат е да утврдиме коефициент во сооднос 5 : 1 во однос на минималната плата и платата на редовен професор, објаснува Џукеска.

-Еден асистент или вработен со високо образование кај нас не зема плата повисока од 25 илјади денари… Законот за минимална плата го прави главниот проблем за кој ние се изборивме и го решававме изминатиот период, вели за Утрински брифинг проф. д-р Елена Џукеска, претседател на Независниот академски синдикат (НАкС).

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Викторија Бекам на свадбата на синот носеше детаљ вреден скоро 200 милиони денари

Следно

Пентагон: Кинеските и руските амбиции во Вселената се закана по националната безбедност на САД

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian