ВИДЕО | Џакарта нуди авантуристички луксуз: Уживајте во гастрономски специјалитети на 50 метри височина

1 min read

Индонезија нуди еден малку поинаков луксуз, тука, поточно во Џакарта можете да ручате или вечерате во ресторан на 50 метри височина.

Луѓето што сакаат да ручаат или вечераат на летечка платформа сега можат да го сторат тоа и во Џакарта. Пред некоја недела во овој индонезиски град беше отворен необичниот ресторан „Lounge in The Sky“, кој на гостите им овозможува несекојдневно искуство да јадат и пијат на височина од 50 метри.

Ова е првиот ресторан од ваков тип во Индонезија, а трет во светот, по Белгија и Малезија.

Додека уживаат во оброците, гостите мора да носат безбедносни појаси, исто како и придружниот персонал. Супервизорите претходно ги запознаваат гостите со правилата за безбедност пред да се качат на платформата на која може да престојуваат 32 луѓе истовремено, а цената на оброкот во овој ресторан се движи од 110 до 260 долари.

Ресторанот има одредени правила за гостите што може да го посетат, вклучувајќи минимална возраст од 17 години, максимална тежина од 150 килограми и минимална висина од 135 сантиметри.

Ресторанот се одржува во воздух со помош на телескопски кран од 300 тони, а „Lounge in The Sky“ ќе остане во Џакарта три месеци. Гостите веќе ги резервираат своите места, а пред отворањето имало над 5.000 гости на листата на чекање.

Во овој ресторан постојат три пакети кои посетителите можат да ги изберат: стандардна класа за 112 долари, бизнис класа за 225 долари и прва класа за 260 долари.

Погледнете во видеата како всушност изгледа овој луксуз…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јунајтед не се откажува од Погба, му нуди неверојатни 600.000 евра неделно за нов договор

Следно

Петков и Јотова доаѓаат во Битола, ќе промовираат бугарски проекти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian