Уапсен скопјанец кој украл платежна картичка од џеб на друг скопјанец

1 min read

Денеска во 12.00 часот на бул.Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода И.С.(55) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 03.03.2022 на автобуска постојка кај Народна банка извршил џепна кражба и од Е.Т.Ј. од Скопје одзел платежна картичка со која подигнал пари.

По преземени мерки и обезбеден доказен материјал било утврдено дека И.С. е сторител на делото.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

skopjeinfo.mk

Претходно

Кремљ му одговори на Зеленски за апсењето на Виктор Медведчук

Следно

Савевски го објави списокот на ракометарки за дуелите со Норвешка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian