Тухел тешко го поднесе поразот: Заслуживме да играме во полуфиналето во ЛШ, но нè ни беше судено

1 min read

Фудбалерите на Челси и на Реал Мадрид синоќа го одиграа еден од најубавите и најнеизвесните натпревари во последните неколку години, а на крајот се радуваа „кралевите “ кои обезедија пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Челси славеше со 2:3 во реваншот што се играше на „Сантијаго Бернабеу“, и малку му недостасуваше да ја продолжи одбраната на титулата. На првиот натпревар во Лондон победи Реал со 1:3, а синоќа Челси во еден момент имаше предност од 0:3 и притоа му беше поништен гол поради играње со рака на Микел Алонсо.

– Секогаш е тешко кога губите, но сепак може да се издржат такви порази бидејќи нема за што да жалиме. Одигравме како што сакавме, покажавме квалитет и каков карактер има овој тим. Заслуживме да одиме понатаму, но тоа едноставно не ни беше судено, едноставно немавме среќа – рече Тухел.

Менаџерот на „сините“ е горд на прикажаната игра на неговите фудбалери.

– Најважно е како одигравме, играчите покажаа дека сме тактички подготвени да играме на највисоко ниво против најдобрите екипи. Не беше лесно, моравме да постигнуваме голови, да победиме. Го заслуживме пласманот во полуфиналето. Немаме за што да жалиме. Имавме големо заостанување од првиот натпревар кое моравме да го надополниме бидејќи тогаш направивме големи грешки. Ги искористија нашите грешки и на тоа го додадоа својот индивидуален карактер.

ВИДЕО: „Ауфидерзен“ Баерн, Виљареал чекаше 16 години за ново полуфинале во ЛШ

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Претрес во скопско Љубанци, пронајдени оружје и муниција

Следно

Со антиоксиданси против вируси: Природна стратегија за намалување на времетраењето и интензитетот на вирусни инфекции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian