Студент од Кембриџ се вратил во Украина да помогне: Ќе се обидам да бидам во тек со студиите

2 mins read

Млад Украинец, кој живеел во Велика Британија, решил да се врати во својата земја која се соочува со руската инвазија повеќе од еден месец. Се вратил во татковината за да помогне, а на неговата одлука не влијаел ни фактот дека е студент на престижниот универзитет Кембриџ затоа што ќе се обидел да учи и да полага испити во исто време, пренесува „DailyMail“.

Николај Низалов кој има само 19 години, пред две недели се вратил во својата татковина за да им се придружи на волонтерите кои им помагаат на несреќните Украинци.

Овој млад студент е бруцош на Кембриџ и вели дека се надева дека ќе може да присуствува на предавања, да учи и да ги полага испитите по природни науки во исто време.

„Имам предавања на кои треба да присуствувам. Ќе се обидам да бидам во тек за време на моето слободното време. Можеби ќе полагам и во мај“, откри Николај.

Како што вели се надева дека ќе се врати до почетокот на втората година која започнува во октомври, но не планира да ја напушти државата додека таа не излезе како победник од оваа ситуација.

„И да не добијам одлични оценки, можам да аплицирам за посебна дозвола за да можам да аплицирам за следната година“, објасни Низалов.

Николај е дел од група волонтери помлади од 30 години каде некои од нив имаат и воено искуство, а неговата група треба да отпатува за Киев следната недела. Откри дека дури сега, по пристигнувањето во својата земја, се чувствува добро.

„Додека бев во Кембриџ, беше чудно бидејќи луѓето живеат нормален живот додека мојата земја е во војна. Сега сме сите заедно и се чувствувам многу помирно“, беше искрен.

Истакна и дека неговите родители не се согласуваат со оваа одлука, но дека сепак ја разбираат.

Николај, кој доаѓа од Миколаив на југот на Украина, моментално се наоѓа во куќата на пријател во Лавов и треба да пружи помош како болничар, истакнувајќи дека тој поминал медицински курс во последните денови за да го подготви за работата на терен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Академија ФМП нема да игра во Суперлигата бидејќи не може да се трансформира во АД, нејзиното место го зазеде Феникс 2010

Следно

Владата молчи за случајот со Мухамед Зекири

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian