Со антиоксиданси против вируси: Природна стратегија за намалување на времетраењето и интензитетот на вирусни инфекции

5 mins read

Ge 132+ Natural може да доведе до слабеење на оксидативниот стрес, потврдува новата „ин виво“ научноистражувачка студија, која наскоро ќе биде презентирана пред македонската јавност.

Во текот на корона-пандемијата сè поактуелно стануваше прашањето што всушност претставуваат вирусите и вирусните инфекции и кога се штетни по човековото здравје. Доста време посветивме на тоа како треба да се храниме, што да пиеме, како да се сочуваме од инфекцијата со ковид-19, кои витамини и минерали да ги пиеме. Сепак, вистинскиот одговор стигнува од група лекари од три Клиники на Медицинскиот факултет во Скопје, кои изработија „ин виво“ научноистражувачка студија. Дел од резултатите од студијата, која допрва ќе добива на тежина штом детално ќе се претстави на јавноста, беа презентирани во телевизиската емисија „Фактор здравје“, преку соговорниците д-р Драгица Зенделовска, виш научен соработник, и д-р Коста Капсаров од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Многу претходно зборувавме за оксидативниот стрес што го поврзавме со вирусните инфекции, зборувавме за слободните радикали што ја нарушуваат редокс рамнотежата или го намалуваат капацитетот на телото да се избори со нив. Ако се надмине продукцијата на слободни радикали, тогаш доаѓа до нарушување на редокс рамнотежата и на таков начин создаваме подлога за различни заболувања. Тоа ни го покажа и пандемијата со коронавирусот“, објасни д-р Зенделовска, дополнувајќи дека лекарите често алармирале да се внимава со консумирањето антиоксиданси, витамини и минерали.

Со почеток на пандемијата, тим од Инфективната клиника ентузијастички размислувал во насока да се провери каква е поврзаноста на оксидативниот стрес кај пациентите заболени од ковид-19. Тимот долго време работел на таа тема, биле направени различни корелации на оксидативниот стрес и се покажало дека кај пациентите што се заразени со вирусот САРС-КоВ-2 има зголемено ниво на оксидативниот стрес.

Ge 132+ Natural
Ge 132+ Natural / Фото: Промо

„Докажавме дека тој индекс на оксидативен стрес може да го користиме како маркер, дијагностички или прогностички, за да видиме како ќе се развива текот на болеста“, објаснува д-р Зенделовска.

Дел од резултатите се објавени во релевантни списанија, а дел се презентирани на голем број конгреси, а тимот лекари понатаму се фокусирал на истражувањата за тоа што би било кога кај заболените пациенти би дале антиоксиданси, бидејќи во суштина самите антиоксиданси се тие што треба да ја регулираат редокс рамнотежата, без разлика дали доаѓаат од храната или се земаат во форма на капсули.

„Универзитетската клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, од првиот час е Ковид-центар во нашата земја, со пристигнувањето на првиот пациент. Со оглед на нашата можност да бидеме секојдневно соочени со оваа патологија, гледајќи ги сите случувања во нашата амбуланта, а дополнителен мотив беше и соработката со Институтот за фармакологија, настојувавме да најдеме начин да им помогнеме на пациентите, вели д-р Капсаров и понатаму објаснува дека „податоците покажаа дека антиоксидансите имаат потентно дејство во промената на клиничкиот одговор“.

Инаку, пациентите што биле вклучени во овој проект биле пациенти со средно тешка или лесна клиничка слика на ковид-19. Тимот од лекари одбрал антиоксиданс што веќе претходно има докажани антиоксидативни и антиинфламаторни ефекти, односно не случајно го избрале производот Ge 132+ Natural.

Ge 132+ Natural
Ge 132+ Natural / Фото: Промо

Резултатите од научноистражувачката студија наведуваат и дека, од друга страна, може да се создаде оксидативен стрес и како резултат на прекумерно консумирање додатоци, витамини, минерали. Затоа, лекарите сметаат дека „најдобар антиоксиданс е оној што ќе ги доведе слободните радикали во нормално ниво, но треба да го одржува и вашиот ендоген капацитет, а не да го зголеми, бидејќи ако го зголеми, повторно ќе ве одведе во прооксидативен стрес“.

Заклучокот од научноистражувачкиот проект утврди дека има значајно намалување на вредностите на оние параметри што биле следени, во суштина на оксидативниот индекс, но и на вредностите од клинички аспект, односно на многу важни фактори какви што се интерлеукините. Тие биле до петпати редуцирани по употребата на антиоксидативната терапија, поточно по употреба на производот Ge 132+ Natural.

„Пациентите имаа бенефит од употребата на препаратот Ge 132+ Natural, на кои суштински им овозможивме да имаат полесна клиничка слика“, се согласуваат лекарите од научноистражувачкиот тим.

 

 

*Комерцијален текст.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тухел тешко го поднесе поразот: Заслуживме да играме во полуфиналето во ЛШ, но нè ни беше судено

Следно

Се бара решение за платите во образованието: МОН може да пренамени дел од буџетот за делумно исполнување на барањата на СОНК

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian