„Слободен печат“: Оптимизмот на Германија крена хистерија во Бугарија

3 mins read

Во печатеното издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

 

Хроника

Оптимистизмот на Германија крена хистерија во Бугарија, министерката Генчовска принудена да се правда дека не ветила дека нема да има вето

– Изјавата на Германката Бербок дека Генчовска се согласила Македонија да ги почне преговорите во ЕУ во јуни предизвика голема политичка бура во Бугарија и прозивки за владата на Кирил Петков дека подготвува „национално предавство“.

 

Се наѕира крај на протестот во училиштата: Владата брои пари, штрајкот „ситно“?

Владата ќе достави предлог до синдикатот, кој ќе биде соодветен на буџетските можности и се надевам прифатлив за СОНК. Да ги вратиме децата во училиштата, изјави министерот за образование Јетон Шаќири.

 

Промени во врвот на Новата социјалдемократска партија: Тито Петковски заминува, двајца кандидати за лидер

-Доста е, ако е за аир. Мислам дека на партијата и треба нова енергија и луѓе кои ќе може да комуницираат со многу повеќе мотив за  претставување на НСДП, вели Петковски.

 

Економија

Ревизорите  го „истражија“ ЈП „Чистота и зеленило“Куманово: За една година за хонорарци платени 100.000 евра

  Ваквиот начин на ангажирање лица, не е во согласност со член 24 од Законот за приватните агенции за вработување, кој предвидува во кои случаи агенцијата може да отстапи работник за вршење привремени работи и да склучи договор, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија.

 

Свет

Нова фаза од руската инвазија на Украина: Бранителите на Мариупол го положија оружјето, почнува клучната битка за Донбас

– Се предале 864 украински војници и 162 офицери. На 150 ранети украински војници им била укажана итна медицинска помош и потоа биле префрлени во градската болница

  

Скопје

Град Скопје ќе објави јавен оглас за користење на дрвените куќарки: Продавачите на стари книги чекаат да се случи „чудо“ и Градот да се откаже од намерата да ги исели

–  Од Градот велат дека продавачите на стари книги се без активни договори со Град Скопје од февруари 2018 година и го обвинуваат претходното раководство на чело со градоначалникот Петре Шилегов дека свесно ги оставил корисниците на куќарките четири години да ги користат противправно без постоење правна основа за нивно користење.

 

Мозаик

Морбидно холивудско судење: Џони Деп пенетрирал со шише во Амбер Херд откако ја претепал

– Поранешните сопружници повторно се најдоа во судница, изнесувајќи ја „валканата долна облека“ од нивниот брак, со шокантни обвинувања.

 

Во утрешното издание читајте ги и колумните на нашите редовни колумнисти Орданоски, Литовски, Гавриловски…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вака се раѓа нов живот: Видео кое го покажува најубавото и најспектакуларно природно чудо

Следно

Татко пријавил исчезнување на малолетната ќерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian