Широки е противникот на МЗТ Скопје во полуфиналето на завршниот турнир

1 min read

Кошаркарите на Широки Бријег славеа со 85:81 над Спарс во последното четвртфинале на завршниот турнир во АБА2 лигата и си обезбеди полифинална пресметка со МЗТ Скопје.

Кошаркарите на тимот од БиХ беа подобар противник во текот на целиот натпревар и веќе по првата четвртина дојдоа до двоцифрена предност (26:16). Со полувремето, предноста се зголеми за уште еден поен.

Во второто полувреме кошаркарите на Спарс успеаја да ја намалат негативата но нивната надеж за комплетно враќање во натпреварот не траеше долго, бидејќи кон средината на последната четвртина Широки повторно дојде до двоцифрена предност што се покажа како одлучувачка за победата.

Лука Божиќ блескаше во тимот на Широки со 31 поен, 7 скока и 5 асистенции, Јосип Билиновац даде 25 поени, а во редовите на Спарс најдобар беше Врбица со 16 поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови идеи за прекројување на Балканот: Албански политичар бара обединување на Косово и Албанија

Следно

ВИДЕО | Хејли Бибер: Оставете ме на раат, бидете мизерни на друго место

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian