Ракометарите во Злин „ја вадат“ мундијалската виза

2 mins read

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (20.15 часот) во Злин игра против селекцијата на Чешка во финалето на баражот за пласман на Светското првенство 2023 година што ќе се игра во Полска и Шведска.

Откако одиграа слабо на Европското првенство во јануари каде го освоија 20 место, ракометарите до СП мора да одат по потешкиот пат, да играат два баражи и првиот успешно го поминаа. Романија не беше тешка задача за избраниците на селекторот Кирил Лазаров, но вечерва ги очекува потежок предизвик, селекцијата на Чешка.

Во досегашната историја на меѓусебните натпревари, Македонија никогаш нема победено на гости и има скор од едно реми и четири порази. Ремито е остварено токму во Злин, во квалификациите за ЕП 2016 година (27:27).

Сепак, ракометарите предводени од селекторот и капитен Лазаров се подготвени за вечерашниот предизвик. Лазаров за вечерашниот натпревар се одлучи на трибините да ги остави Михајло Младеновиќ и Игор Ѓорѓиев, додека во списокот се најде Петар Атанасијевиќ.

– Мислам дека сме подготвени, Ме радува формата на ракометарите во пресрет на дуелите со Чешка. Мислам дека поголем дел од овие 16 ракометари што ќе играат вечерва го имаат почувствувано теренот во Злин и знаат дека не е едноставно. Свесни сме дека првиот налет на Чесите е силен и тежок да се издржи, но ќе бидеме фокусирани и подготвени да одговориме на предизвикот. Знаеме дека Чесите се оптимисти, дека веруваат дека можат да дојдат до СП, но ние веќе ги имаме елиминирано – смета Лазаров.

Чешкиот селектор Хавиер Сабате ќе настапи со најсилниот состав.

– Македонија имаше тешка група на последното ЕП и  обезбеди пласман во следната фаза, но тоа не го менува фактот дека станува збор за квалитетна репрезентација со искусни ракометари што играат во ЛШ, во Франција, во Германија… Не очекуваат два тешки натпревари и знаеме дека ќе биде тесно на резултатски план. Мотивирани сме и ќе сториме сè за да се пласираме на СП – вели Сабате.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Исчезнаа две деца од згрижувачко семејство

Следно

Вака се раѓа нов живот: Видео кое го покажува најубавото и најспектакуларно природно чудо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian