Првоосомничениот за убиството на ракометарот Тот однесен во КПУ Затвор Скопје

1 min read

Првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот ноќеска околу 2 часот бил спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот од 30 дена.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 28-годишниот А.Ѓ. ноќеска е приведен на територија на населба Аеродром.

– По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01.20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на нас. Аеродром, информира МВР.

Покрај А.Ѓ, приведени се и одреден им е 30-дневен притвор и на 19-годишната К.Л. и 22-годишниот А.К. Тие се осомничени дека го претепале хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Централ парк“ во Скопје кој почина на скопските клиники.

skopjeinfo.mk

Претходно

Камион се преврте во Индонезија, најмалку 16 загинати

Следно

ВИДЕО: Бруклин и Минесота ја искористија шансата, ќе играат во плеј-офот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian