Поранешна мисица шокираше со изјавата: Не сакам да имам деца, бременоста ќе ми го уништи телото

1 min read

Поранешната мис на Велика Британија, Џен Аткин открила дека не сака да има деца во блиска иднина од страв да не си го уништи телото, пренесуваат британските медиуми.

„Идејата да добијам стрии и да се здебелам ме спречува да имам деца“, изјави таа. „Излегувам речиси секој викенд, а тоа не би можела да го правам ако сум мајка бидејќи не можам да си дозволам дадилка. Мислам дека не е себично да почекам. Градам самодоверба за да можам да бидам одлична мајка“, додала таа.

„Ова е мојот живот и треба да можам сама да одлучам кога ќе забременам“

Џен Аткин беше крунисана за Мис на Велика Британија откако претходно ослабнала дури 50 килограми.

„Во моите 20-ти живеев со прекумерна тежина, се додека не го променив начинот на исхрана во 2016 година. За две години изгубив многу килограми и открив дека можам да имам одлична фигура и гради“, откри таа.

„Ја освоив титулата Мис на Велика Британија во февруари 2020 година. Опседната сум со изборот. Сè е толку блескаво, гламурозно и забавно. Сакам да освојам повеќе круни во следните неколку години. Тоа ми е поважно од деца“, раскажа Џен.

„Го сакам моето ново тело и сакам да уживам во него пред бременоста. Наскоро ќе позирам за каталог за бикини. Да имав дете, се сомневам дека ќе ја имав таа можност“, заклучи таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се е договорено, Халанд на лето станува „граѓанин“

Следно

Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките е на прво место и во услови на штрајк, велат од МТСП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian