Петков и Јотова доаѓаат во Битола, ќе промовираат бугарски проекти

1 min read

Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со уште еден висок преставник на бугарската влада и со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, оваа сабота ќе ја посетат Битола, објави СДК.мк.

Од македонската Влада потврдуваат дека бугарските политичари во Македонија доаѓаат на сопствена инцијатива. Целта на посетата е промоција на проекти, делумно финансирани од бугарската држава.

За детали околу агендата на Петков, од Владата упатуваат на Бугарската амбасада во Скопје, од каде нема одговор кои места во Битола ќе ги посети Петков. Неофицијално, тој ќе присуствува на отворање на библиотека со бугарска литература, пишува СДК.мк.

Пред два месеца, во Битола беше уреден и Клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“ на улицата Рузвелтова во центарот на градот, кој допрва треба да се отвори.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Џакарта нуди авантуристички луксуз: Уживајте во гастрономски специјалитети на 50 метри височина

Следно

Европската унија одобри дополнителна воена помош за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian