Нови идеи за прекројување на Балканот: Албански политичар бара обединување на Косово и Албанија

2 mins read

Албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши, оценува дека настаните што се случуваат во Украина и напорите за воспоставување нов меѓународен поредок може да им помогнат на Косово и Албанија да се обединат.

Тој пишува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни, а тоа е да се приклучи кон Албанија.

-Ова би било спас за Косово и секако за Албанија. Поголема земја со 5 милиони жители, со море и со дијаспора од речиси 3 милиони, која би била поттикната од националното единство, би била моќна земја, а не само почитувана. И не само на Балканот. Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не и се приклучи на Албанија, пишува Блуши.

Според него кога Русија бара независност, за Донбас и Луганск, две украински територии со мнозинско руско население, тој како пример го „земал насилното отцепување на Косово од Србија”.

Поранешниот албански пратеник вели дека од друга страна, кога западот бара да го заштити важечкиот ригиден меѓународен поредок, според кој повеќе не треба да има промени на границите, го зема за пример Косово.

-За да не се доведе во прашање меѓународниот поредок, Косово и Албанија да не се обединат. Така велат Западот и Русија. И ние го прифаќаме. Но, војните се водат за да се промени меѓународниот поредок. Ова е и причината за војната во Украина. Оттука паднаа старите причини. Или ќе паднат, констатира тој.

Во објавата на Фејсбук вели дека денес е „време да растеме, да се прошириме, да се обединиме и дека е време да станеме Европејци”.

Блуши (53) е политичар, новинар, писател. Во одделни периоди кога на власт беа демократите на тогашниот премиер Сали Бериша, беше министер за образование и наука, министер за локална самоуправа и децентрализација, портпарол на владата, како и заменик-министер за надворешни работи. Потоа ја напушти Демократската партија и ја формира партијата „Либра”, која набрзо згасна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повеќе пари на нивното салдо: Хороскопски знаци за кои април ќе биде навистина богат

Следно

Широки е противникот на МЗТ Скопје во полуфиналето на завршниот турнир

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian