Немаме избор со штрајкот – членството нѐ притиска, вели лидерот на СОНК Неделков

1 min read

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вечерва во дневникот на Сител рече дека не верува оти некој сака да ги измами во преговорите со Владата за прекин на штрајкот и зголемување на платите.

-Сѐ ќе излезе на виделина. И двете страни во две работи се согласуваме дека платите треба да се зголемат и втората работа е дека сакаме што побрзо да се прекине штрајкот. Тоа ни е заедничко во интерес на учениците и родителите. Ова испаѓа дека сме влегле во штрајк со ветување дека ќе имаме зголемување на платите. Ова не е бадијала. Членството ќе одлучи за понатака, рече Неделков по денешната неуспешна средба со министерот за образование Јетон Шаќири.

Според него, целта е поткрепена со факти.

-Нашите членови беа незадоволни и иницираа ова да се случи. Ние разговаравме и дадовме предлог. Имаше реторика од министерот дека некои од владата не сакаат да се преговара поради овие услови. Знаеме дека под притисок е владата, но и СОНК е под притисок на членството. Работиме во нивен интерес. До утревечер и петок изутрина да имаме предлог, за да можеме преку викендов да го разгледаме. Немаме друг избор“, вели Неделков.

-Не сме разговарале за црвени линии. Владата мора да сфати дека сме во незавидна ситуација како Синдикат. Ова не е одлука на раководството. Мора нешто да ни понудат, за да го разгледаме. Очекуваме притисоци и во училиштата“, додава претседателот на СОНК.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бразилец живее со девет жени: Една ќе ме напушти бидејќи е себична, но ќе доведам две нови наместо неа

Следно

Украинска армија тврди дека Русите се подготвени да го нападнат регионот на Доњецк

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian