Лазаров: Жалам што не победивме барем со еден гол разлика, мислам дека заслуживме

2 mins read

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва пропушти одлична можност да дојде до првата победа на гостински терен во дуелите со Чешка играјќи само 24:24 во првиот бараж натпревар за пласман на СП во Полска и Шведска.

Иако и ремито е добар резултат, ракометарите во второто полувреме имаа предност од дури седум гола (10:17) и играа перфектен натпревар 50-тина минути, но во последните 10 минути се случи пад во играта и тоа го искористија Чесите за да се спасат од пораз. Голот со кој беше испуштена победата, Македонија го прими на 10 секунди пред крајот на натпреварот преку Кашпарек.

Сепак и покрај пропуштената шанса да се победи во Злин, селекторот и капитен на македонската репрезентација Кирил Лазаров е задоволен од резултатот.

– Им честитав на момците за борбата, за испочитуваното на тоа што се договоривме како и за тоа што го направивме и што го одигравме. Треба да бидеме задоволни, никој не очекуваше дека во некој момент ќе водиме со 17-10. Игравме како по ноти и во одбрана и во напад, но на крај ни се случи пад, којшто ќе не држи многу будни. Јас знам дека можеби и малку ги изненадивме, но знам и дека на реваншот ќе се подготват добро и нема да биде воопшто лесно. Иако имаме добар резултат, позитивен, никогаш сме немале ваков во еден бараж натпревар.

Меѓутоа жалам што не победивме, барем, еден гол разлика, мислам дека заслуживме. Едноставно не знаевме да го приведеме натпреварот до крај, промашивме и зицери, изработени акции. Тежок натпревар за играње, Чешка е габаритна екипа, физички доста потрошувачки натпревар, па ќе треба добро да се одбориме. Меѓутоа, ова де ми го нудеше некој пред натпревар јас ќе го прифатев со две раце, затоа што ја репсектираме Чешка и Сабате како тренер. Сум задоволен, иако малку имам горчлив вкус, па особено кога ќе го гледам натпреварот. Сепак, треба да знаеме дека во недела ќе победи колективот – рече Лазаров.

Ракометарите испуштија победа во Злин, Македонија во Скопје ќе ја вади мундијалската виза

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Хејли Бибер: Оставете ме на раат, бидете мизерни на друго место

Следно

Баба (61) сака деца со својот сопруг (24): Јас сум единствената жена со која тој некогаш бил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian