ФОТО | Викторија Бекам на свадбата на синот носеше детаљ вреден скоро 200 милиони денари

2 mins read

За време на викендот очите на светот беа вперени во спектаклот што беше венчавката на Бруклин Бекам и ќерката на милијардерот Никола Пелц. Во сиот раскош, посебно внимание привлече мајката на младоженецот Викторија Бекам, која верна на себе се појави во гламурозно издание, пишува „Mirror“.

ФОТО | Раскошна свадба полна со милионери и познати личности: Се ожени најстариот син на Бекамови

Таа носеше сребрен фустан од сопствениот моден бренд, што беше првото парче облека на брендот направено во лондонското студио на компанијата, но многумина го забележаа и дијамантскиот ѓердан што го носеше околу вратот.

Викторија Бекам, Фото: Instagram Story

Според Кирон Кеог, ко-основач на „ROX Diamonds & Thrills“, ѓерданот содржи околу 18 карати, а неговата вредност се проценува на приближно 3,5 милиони долари, што е околу 25 милиони долари. На својот инстаграм-профил, „пош-спајс“ подоцна објави фотографија од огрлицата.

Викторија Бекам, Фото: Instagram Story

Дејвид и Бруклин Бекам на венчавката носеле костуми од модната куќа „Диор“, а таткото на својот син му купил Јагуар од 1954 година за 500.000 долари како свадбен подарок.

ФОТО | Портрет на Никола Пелц: Која е идната снаа на Бекамови?

Да потсетиме, парот го кажа судбоносното „да“ на Палм Бич, Флорида и беа одржани две свадбени церемонии – една еврејска и една католичка, бидејќи нивните семејства се од различна вера. Трошоците за раскошната венчавка, која според извори блиски на парот чинела повеќе од 3,5 милиони долари, ги платил свекорот на Бруклин, милијардерот Нелсон Пелц.

ФОТО | Финансиер со билиони и манекенка: Кои се родителите на Никола Пелц, идната снаа на Бекамови?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Бруклин и Минесота ја искористија шансата, ќе играат во плеј-офот

Следно

ВИДЕО | Проф. д-р Џукеска: Треба да се остави простор за преговори, но право на синдикатите е да извршат притисок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian