Денес се празнува: Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски

1 min read

Роден во Киликија, а епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство. Царот Констанциј нареди да се изобрази ликот на Ипатиј уште за време на животот на овој светител и тој лик царот го држеше во својот дворец како оружје против секаква непријателска сила. Враќајќи се еднаш од Цариград, Ипатиј беше нападнат во еден теснец од еретиците новатијани и турнат од друмот во некоја кал. При ова една жена од таа дружина го удри со камен во главата и така светителот го заврши својот земен живот. Но, жената одеднаш полуде и го зеде истиот оној камен и со него се удираше самата себеси. Кога ја доведоа на гробот на свети Ипатиј и Му се помолија на Бога за неа, по големата милосрдност на светителот таа се исцели и остатокот од животот го помина во покајание и молитва. Свети Ипатиј пострада и се пресели во Царството на Христос во 326 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија инвестира во армијата: Какво оружје купи Белград од Истокот и од Западот

Следно

Дневен хороскоп за 13 април: Поминете време со блиските

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian