Бразилец живее со девет жени: Една ќе ме напушти бидејќи е себична, но ќе доведам две нови наместо неа

2 mins read

Артур вели дека отсекогаш сакал да има десет жени. Сега не е далеку од таа „цел“, но си постави и нова задача. Со секоја од нив планира да има и дете…

Артур О Урсо стана светски познат минатата година откако во бразилските медиуми сподели детали од својот необичен живот… Овој човек е во врска со дури девет девојки, кои ги нарекува свои сопруги, но една наскоро ќе го напушти „гнездото“ .

„Сакаше да ме има за себе. Тоа е многу себично од неа. Сè е подобро кога се споделува – започнува приказната со Бразилецот, кој работи како модел, но и како актер во филмови за возрасни …

„Не ми беше логично тоа што ми го кажа. Таа рече дека и недостасуваат моногамни врски одеднаш. Бев многу тажен, но уште повеќе шокиран од нејзините изговори. Другите сопруги се со мене. Тие мислат дека таа влегла во оваа врска поради авантурата, а не поради вистински чувства“, тврди Артур.

Тој е официјално оженет со Луан Казаки, но на церемонијата минатата година се „ожени“ и со останатите осум дами. Тој го опиша тоа како свој начин да се побуни против „досадната моногамија“.

Според фотографиите на неговите социјални мрежи, ова необично семејство сака да се релаксира во својата вила со големи количини пица и сладолед. Вели дека не му е проблем да го финансира ваквиот начин на живот, бидејќи тврди дека заработува и до 70.000 долари месечно преку разни манекенски ангажмани и жешки кадри.

„Нема веднаш да барам нова сопруга, но со тек на време планирам да имам уште две. Отсекогаш сум бил фасциниран од таа бројка десет. Моментално имам само едно дете, но би сакал да имам по едно со секоја моја сопруга. Ги сакам сите подеднакво и не би било фер само некои од нив да бидат мајки на моите деца„ вели Артур, кој сака да ги посетува нудистичките плажи со своите дами. Таму, како што вели тој, се чувствуваат слободни, пишува „LadBible“ .

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Европската унија одобри дополнителна воена помош за Украина

Следно

Немаме избор со штрајкот – членството нѐ притиска, вели лидерот на СОНК Неделков

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian