Баба (61) сака деца со својот сопруг (24): Јас сум единствената жена со која тој некогаш бил

3 mins read

Куран ја изгубил невиноста со Шерил Мекејн кога имал 23 години, а таа 60. Сексуалниот живот им е фантастичен, а голема желба имаат и да добијат дете. Бидејќи не можат да добијат бебе по природен пат, размислуваат за некои алтернативни опции.

„Јас сум 61-годишна девојка и горда сум што му ја одземав невиноста на својот маж, нашиот сексуален живот е одличен“, вели Американката Шерил Мекејн која е во врска со 37 години помладиот маж, а сега открива како очајнички сака да има деца со него.

Шерил Мекејн е омажена за Куран Мекеин. Парот првпат започнал да излегува во 2020 година и оттогаш се неразделни. Сега бараат сурогат мајка и опција за посвојување со цел да го зголемат своето семејство. Иако сакале дете по природен пат, поради нејзините години тоа не е возможно, па токму затоа се завртеле кон алтернативни опции, пренесува „The Sun“.

„Знаеме дека би можело да биде малку неконвенционално, но Шерил можеби нема да биде тука така долго како јас, но таа верува дека јас ќе бидам одличен татко. Нашите семејства исто така ја поддржаа нашата одлука“, изјави младиот сопруг.

Куран ја изгубил невиноста со бабата кога имал 23, а таа 60 години. Тврди дека сексуалниот живот им е одличен.

„Кога станува збор да се биде со само една личност, не го гледам тоа како проблем. Особено не мислам дека сексот е нешто што би требало да го делите со било кого, ги почитувам луѓето кои го прават тоа, но тоа не е за мене. Мислам дека тоа е свет ритуал и дека треба да го споделите со некој посебен“, изјави тој.

Тој не чувствува дека погрешил со изборот Шерил да му биде прва.

„Нашиот сексуален живот е одличен, а бракот тоа не го промени. Се чувствувам како да сум имал многу искуства, дури иако сум бил само со една личност, додава тој. Шерил е негова втора девојка, но со првата не ја изгубил невиноста.

@kingqurannewpage She getting into it @oliver6060 #couplegoals #fyp #viral #agegap #xyzbca #foryou ♬ original sound – FOR FUN

„Имав една девојка пред Шерил, но таа ми го скрши срцето кога имав околу 15 години. Мислев дека со неа ќе ја изгубам невиноста, но таа имаше повеќе искуства од мене, па тоа не ја интересираше. Потоа не бев со никого се до Шерил и искрено, никој не беше заинтересиран за мене додека не се појави таа“, раскажува Куран.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лазаров: Жалам што не победивме барем со еден гол разлика, мислам дека заслуживме

Следно

Генчовска принудена да се правда – не ветив дека нема да има вето!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian