Академија ФМП нема да игра во Суперлигата бидејќи не може да се трансформира во АД, нејзиното место го зазеде Феникс 2010

3 mins read

Иако обезбеди пласман меѓу најдобрите шест екипи во регуларниот дел од сезоната, екипата на Навико Академија ФМП нема да може да настапува во Суперлигата и нејзиното место ќе го зазеде Феникс 2010.

Причината е неможноста екипата на Навико Академија ФМП да се трансформира во акционерско друштво. Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) поради тоа „ја испрати“ Навико Академија ФМП во плеј-аутот, а во Суперлигата ќе игра тимот на Феникс 201 кој беше седми во регуларниот дел од сезоната.

– Поради неможноста за трансформација во акционерско друштво, како што наложуваат законските обврски, односно Законот за трансформација на клубовите во највисокиот степен на натпреварување во акционерски друштва, и поради моменталната состојба за остварување право на пласман во Суперлигата во сезона 2021/2022, екипата на КК „Навико Академија ФМП“ од Скопје не може да продолжи со настапи во највисокиот ранг на натпреварување од Првата лига-мажи, Суперлигата.
– Местото на КК „Навико Академија ФМП“ од Скопје го презема екипата на КК Феникс 2010 АД – Скопје.

Согласно со тоа, КК „Навико Академија ФМП“ – Скопје го продолжува натпреварувањето во Плеј Аут лигата, а КК „Феникс 2010“ АД- Скопје, како следна според пласманот по одигрувањето на првиот дел од првенството, го презема местото во Супер лигата во натпреварувачката сезона 2021/22.

На предлог на комесарот за натпреварување, упатен до Управниот Одбор на КФСМ, како дополнение на Пропозициите за натпреварување во сениорски лиги дополнет е еден, а има и втор, односно нов член;

Се додава нов член: 7.1.6
„Сите  екипи кои ќе остварат пласман за учество во највисок степен на натпреварување, согласно Законот за спорт член 6-а, 7, 9 и 9-а, мора да бидат регистрирани како акционерски друштва“.

Се додава нов член: 7.1.7
„Доколку екипа која ќе обезбеди пласман во највисокиот степен на натпреварување, а притоа не е регистрирана во акционерско друштво, го губи правото да се натпреварува и останува во систем на натпревари во Плеј аут лигата, а неjзиното место ќе биде надополнето со екипа која е регистрирана во акционерско друштво и е следна по пласман“.

Натпреварите во Суперлигата започнуваат за три дена и според пропозициите ќе се играат 10 кола, секој со секого ќе игра дома и гости по што најдобрите четири екипи ќе продолжат во плеј-офот.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Центар затвори градилиште на Водно

Следно

Студент од Кембриџ се вратил во Украина да помогне: Ќе се обидам да бидам во тек со студиите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian