Земјотрес вечерва е почувствуван во близина на албанско-македонската граница, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Потресот со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала се случи во 23 часот и 5 минути, а епицентарот бил на 13 км источно од Поградец, во близина на границата со Македонија.
Според објавите на социјалните мрежи, земјотресот е почувствуван и во Охрид и околината.
Земјотрес со слична јачина минатата недела беше регистриран и во граничниот реон кај Дебар.