Здрахала: Чешка е фаворит на хартија, но Македонија е сè уште непријатен противник

2 mins read

Во среда со почеток од 20.15 часот ќе се игра првиот од двата натпревари во Злин помеѓу репрезентациите на Чешка и Македонија во баражот за пласман на следното Светско првенство кое ќе се одржи во Полска и Шведска од 11 до 29 јануари 2023 година.

Судии на утрешната средба ќе бидат Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз од Турција, а ЕХФ делегат Башал Соос од Унгарија.

Реваншот ќе се одигра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ на 17 април од 19.00 часот пред околу 7.000 илјади навивачи. Нашиот селектор Кирил Лазаров е свесен дека Чешка е повоиграна селекција од Романија, но тоа нема да ги уплаши македонските ракометари.

Лазаров се одлучи за 18 ракометари во првите 60 минути од овој двомеч: Митревски, Томовски, Пешевски, Н. Маркоски, Стоилов, Ојлески, Атанасијевиќ, Георгиевски, Серафимов, Јагуриновски, Лазаров, Талески, Кузмановски, Митев, Миркуловски, Ѓоргиев, Мишевски и Младеновиќ.

Отпаднаа: Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ, Марко Стојковиќ, Дарко Кондев и Марко Кизиќ.

Ондреј Здрахала, првиот човек на чешкиот ракомет во интервјуто за „ЧТ спорт“ верува дека најдобрата чешка репрезентација може да се најде на Мундијалот.

– Тимот е консолидиран, младите играчи многу добро се вклопуваат и играме со нашиот „традиционален“ противник кој сè уште не сме го победиле во квалификации. Сега верувам дека на хартија сме фаворити. Македонија е предводена од легендарниот Кирил Лазаров. Можеби не е истата репрезентација од 2015 година, но сè уште е непријатен противник – рече Здрахала.

РФМ ќе ги награди ракометарите со 50.000 евра ако ја елиминираат Чешка

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Софија и Атина расправаат како да ја споделат одговорноста за заедничките реактори

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Си купил остров, не сакал да го продаде ниту за 40 милиони фунти: Се вљубив во мирот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian