ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено утро, топол ден

1 min read

Времето наутро ќе биде постудено, а преку денот ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, сончево и потопло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и сончево време со пораст на дневните температури.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија ќе лови руски „тролови“ на социјалните мрежи?

Следно

Дневен хороскоп за 12 април: Денес ќе тежнеете кон совршенство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian