Војиновиќ: Не погрешивме што одлучивме Скопје да го организира АБА2 завршниот турнир

2 mins read

МЗТ Скопје Аеродром има шанса повторно да се врати во првата АБА лига, а за да го направи тоа ќе мора да биде најдобар на претстојниот завршен турнир од АБА2 лигата кој ќе се одржи од 13 до 17 април во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје.

Македонскиот шампион во четвртфиналето во среда (13 април) со почеток од 18.00 часот ќе ги одмери силите против Сутјеска Никшиќ.

Во другите мечеви се среќаваат: Хелиос Домжале – Златибор, Борац Бања Лука – Младост Земун и Широки Бријег – Спарс Сараево.

Спортскиот директор на АБА лигата, Милија Војиновиќ вели раководството не погреши што организација на завршниот турнир му е доделена на Скопје.

– МЗТ Скопје Аеродром е долгогодишен член на АБА 1 и АБА 2 лигата. Овој клуб беше првопласиран и ние со задоволство одлучивме да биде домаќин на плеј-оф натпреварите. По подолг период јадранската кошарка се враќа во Скопје. Не погрешивме што му ја доверивме организацијата на МЗТ. Ова е тим кој е наш долгогодишен член. По подолго време, јадранската кошарка се враќа во Скопје.

АБА2 лигата доби на популарност, им се заблагодарувам на Општина Аеродром и МЗТ Скопје за посветеноста на организацијата. Во регуларниот дел видовме 98 натпревари, а во среда започнува спектаклот, остануваат уште седум меча во кои наскоро ќе знаеме кој оди директно во првата АБА лига, а кој во баражот – изјави Војиновиќ.

Во недела, од 19.часот, на распоредот е големото финале во кое победникот обезбедува место во АБА лигата, додека финалистот ќе ја побара втората шанса преку квалификациите, односно серијата против 13. пласираната екипа од АБА лигата.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 13. АПРИЛ (СРЕДА)

12.00: Борац Бања Лука – Младост Земун

15.00: Хелиос – Златибор

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Сутјеска

21.00: Широки – Спарс

ПОЛУФИНАЛЕ – 15. АПРИЛ (ПЕТОК)

18.00: Борац Бања Лука/Младост Земун – Хелиос/Златибор (1)

21.00: МЗТ Скопје Аеродром/Сутјеска – Широки/Спарс (2)

ФИНАЛЕ – 17.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

19.00: Победник 1 – Победник 2

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Искршена и запалена таблата со пораката на Бадникарите за чисто Водно

Следно

Разговор со Полина Тасева: Обожавам полнети пиперки и нашите традиционални манџи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian