ВИДЕО | Муратов: Имаме стратегија за Ромите само на хартија, која кога ќе заврши се’ се заташкува

2 mins read

Меѓународен ден на Ромите не треба да биде единствениот ден кога отворено ќе се говори за проблемите со кои се соочуваат ромските граѓани, ниту пак само да се прават стратегии за Ромите кои ќе завршат во временски определениот рок.

-Ромите не се само Роми за 8-ми април, тие се Роми и утредента. Видовме изјави дека се’ ќе биде супер, но еве денеска, после четири дена Ромите веќе никој не ги спомнува. Тоа е она што се вика бавен процес – изјави дека ќе има некаква стратегија, имплементација, вработување , изјави во Утрински брифинг, новинарот и граѓански активист, Дехран Муратов.

Муратов вели дека во државава се постои на хартија.

-Ние така функционираме. Сите Закони постојат на хартија. Имаме убави Закони, но кога ќе дојдат за имплементација тие како да заташкуваат. Имавме стратегија за Ромите до 2021. Сега имаме нова стратегија. Она што е интересно е што ние правиме стратегии и тие кога ќе заврши таа стратегија тука се завршува, вели Муратов.

Според него потребен е континуитет во залагањата за права и помош на Ромите кои се меѓу најзагрозените граѓани во државава.

-Не е потребна нова стратегија, тука истата треба да продлжи. Ако имаме стратегија за вдомување, за вработување, и ако тој проблем се заврши, ние веќе треба да бараме нивно внесување во системот, а не да ги оставиме на улица и да се снаоѓаат како знаат и умеат, бидејќи тие повторно ќе станат терет на државата, додава Муратов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кралицата Елизабета: Се чувствувам исцрпено по коронавирусот

Следно

Филаделфија ја враќа мерката за задолжително носење маски во затворени простории

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian