Ученикот во осмо одделение од српскиот град Бачка Паланка, Д.К.(15), денеска бил нападнат од пет години постаро момче на час по физичко во неговото училиште, а напаѓачот го расекол со нож по главата и рацете, јавува РТВ.
Како што соопшти Заводот за здравствена заштита на деца и младинци на Војводина, момчето е згрижено во таа здравствена установа поради расекотина на раката и гребнатини, како и хематоми на главата.
-По детална дијагностика и помош во вид на санирање на повредите, момчето е пуштено на домашно лекување, велат од Заводот.
Според неофицијални информации, напаѓачот, И.Р., ја прескокнал оградата на основното училиште „Свети Сава“, го оттурнал обезбедувачот во училиштето кој се обидел да го спречи, го извадил ножот и го повредил 15-годишното момче.