Спасовски: МВР за случајот со Тот дозна кога тој веќе беше во болница, претходно никој не пријавил

2 mins read

Министерството за внатрешни работи добива информација откако ракометарот Денис Тот се наоѓа на Клиничкиот центар, а претходно нема никаква пријава за нарушен јавен ред и мир пред објектот во Градскиот парк, појасни вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски во гостување на телевизија Телма, зборувајќи за убиството на ракометарот, појасни дека пријавата во Брзата помош е утрото во 3 и 30 часот од вработена во дискотеката, додека во МВР пријавуваат од Клиничкиот центар во 4 и 11 минути дека е примено лице пронајдено во бессознание на јавна површина. Од тој момент се вклучува екипа од МВР и започнуваат активности и дејствија за расчистување на случајот, вели министерот.

– Во ниту еден момент не е застанато со истрагата и покрај тоа што од Клиничкот центар е укажано дека нема видливи траги на наилство, колегите од МВР продолжуваат со прибирање на докази и ние практично во рок од 24 часа го откриваме целиот случај и обезбедени се сите материјали, меѓу кои и од камерите на „Сејф сити” и се предадени на ОЈО, изјави Спасовски.

За снимката што ја виде јавноста, Спасовски појасни дека е од сосема друг агол, додека сите снимки се обезбедени и од дискотеката и од „Сејф сити” и се предадени на ОЈО. Од нив, според Спасовски, добро се гледа кој сѐ учествувал во инцидентот.

– Постојат очевидци и сведоци кои се повикани на разговор и се земени изјави. Секако ќе се прави вештачење на облеката и предметите на сега починатиот, како и таа на сега осомничените и сите тие ќе бидат дел од доказниот материјал на предметот, изјави Спасовски.

Прашан дали ќе се бара одговорност и од сведоците, кои како што може да се види од снимката, не преземале ништо и не го пријавиле случајот, Спасовски рече дека секој еден што има каква било одговорност ќе биде санкциониран, како и дека ќе се ценат сите аспекти преку ЈО.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Од љубов на прв поглед до убиство: Љубовната приказна на Цеца и Аркан

Следно

Макрон: Путин одлучи да не запира

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian